Музика

„Само насмевни се“: Слушнете ја новата песна на Тамара Грујеска

Наскоро ќе има и нови проекти, но најпрвин убаво да ја претставиме „Само насмевни се“ на пошироката публика, вели Тамара.

„Само насмевни се“: Слушнете ја новата песна на Тамара Грујеска

Младата и талентирана пејачка Тамара Грујеска го сними новиот спот на песната „Само Насмевни се“, дело на Роберт Билбилов и неговата Just Rb Production во која се изработи музиката и аранжманот на оваа прекрасна модерна песна која нуди и преубав тескт со одлична порака и е дело на Робин Зимбаков еден од најплодните текстописци во Македонија.

„Само насмевни се“ – трето дело на Роберт Билбилов и Тамара Грујеска, претходно беа создадени песните „Имам сила“ и „Кажи ми, кажи ми кој“ со која ја претставуваше Македонија на Евросонг во Ница, Франција минатата година.

Видео записот е снимен на повеќе локации во Скопје и дел во студиото Prolite на Тоше во режија на Огнен Шапковски и Мелем продукција.

„Само насмевни се“ е песна за сите генерации. Во оваа песна може секој да се пронајде.

-Се чувствувам среќно, задоволно и исполнето после остварување на еден ваков голем проект зад кој стојат големи имиња на македонската естрада. Екипата работеше одреден период и конечно дојдовме до крајот, можеме сите да се гордееме. Среќна сум што имам модерна песна и порака која е прифатлива за секој човек, за секоја личност, за секоја генерација, ваше е само да ја слушнете песната и да се насмеете. Соработката со целиот тим кој беше дел од овој проект беше прекрасна и на сите сум им благодарана од срце. Наскоро ќе има и нови проекти, но најпрвин убаво да ја претставиме „Само насмевни се“ на пошироката публика, вели Тамара.

Најнови вести од Музика

To top