Британскиот пејач Роби Вилијамс (43) одлучи една песна никогаш повеќе да не ја пее на концертите.
Дури и оние кои не се негови обожаватели признават дека „Angels“ е една од најубавите песни кои е снимена, а фановите на пејачот останаа во шок по ваквата негова одлука.
-Секој пат мора да се воздржувам да не заплачам и да не изгледам патетично. Ги гледам луѓето во публика кои на почетокот на песната ги креваат сликите на своите родители кои се починати и помислувам „Боже, сега ќе заплачам“. Тоа многу емотивно ме исцрпува, објаснува Роби.
Песната „Ангели“ е објавена во декември 1997 година, а во 2005 година во Велика Британија беше прогласена за најдобра песна во последните 25 години.
loading...