петок, 24. мај 2019. Вести денес: 78
home Музика

Ристе Ристески со нова песна: Слушнете ја „Неизлечиво“ (ВИДЕО)

Ристе Ристески со нова песна: Слушнете ја „Неизлечиво“ (ВИДЕО)

Единствениот македонски победник во „Ѕвездите на Гранд“ и ексклузивец на продукцијата „Гранд“, Ристе Ристески ја објави втората студиска песна со наслов „Неизлечиво“ заедно со видеозапис на својот официјален Јутјуб-канал.

На песната „Неизлечиво“ работеше тим во состав: Милан Раѓен (музика и аранжман), Дивна Миловановиќ (текст), Саша Радојевиќ – Жуле (тапан), Петар Трумбеташ (гитари и бузуки), Ељез Шабани (кларинет) и Ивана Селаков (пратечки вокали).

Видеозаписот се снимаше во луксузната белградска вила „Рококо“ во режија на филмска продукција Ројал Филмс.