петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 61
home Музика

Пред точно 13 години, Тоше го одржа својот последен концерт (ВИДЕО)

Пред точно 13 години, Тоше го одржа својот последен концерт (ВИДЕО)

11 дена по концертот, односно утрото на 16 октомври Тоше во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, во Хрватска го загуби животот.

Пред точно 13 години, на денешен ден, односно на 5 октомври 2007 година, нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески на Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 40.000 посетители го одржа својот последен концерт.

Истиот беше од хуманитарен карактер и беше наменет за обнова на основните училишта во земјата и воедно значеше концертна промоција на неговиот последен објавен албум „Игри без граници“.

11 дена по концертот, односно утрото на 16 октомври Тоше во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, во Хрватска го загуби животот. Постхумно Тоше е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија, а денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

Коронавирус