вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 113
home Музика

Пред неа е блескава кариера: Слушнете ја првата песна на Сара Гигова (ВИДЕО)

Пред неа е блескава кариера: Слушнете ја првата песна на Сара Гигова (ВИДЕО)

Македонската музичка сцена од денеска е побогата за уште еден нов член. Се работи за младата пејачка Сара Гигова, која токму денес ја промовира својата прва авторска песна.

Можеби некои од вас се сеќаваат на Сара кога учествуваше во едно детско регионално музичко шоу, каде уште како малечко девојче ја воодушеви жирикомисијата и публиката со своите гласовни способности.

Таа денеска го промовира своето првенче со наслов „Ладно лето“, на кое како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски.

За оваа нејзина прва песна Сара сними и прекрасен видеоспот во режија на младиот Ѓорѓи Вацев. Спотот се снимаше на Преспанското езеро, а во него имаме прилика да ја видиме Сара во неколку различни изданија.

Таа не крие дека е задоволна од тоа како звучи песната и како изгледа спотот…

– Јас сум презадоволна од целиот производ. Сите знаат што имаат досега создадено Лазар и Ена и многу лесно ми беше да донесам одлука со кого да сакам да работам. „Ладно лето“ е одлична песна во модерен ритам и искрено се надевам дека публиката ќе ја прифати. Исо така задоволна сум и од спотот, бидејќи Ѓорѓи навистина се потруди да го добијам тоа што го замислував и јас во мојата глава. Да не должам многу, се надевам дека публиката ќе ужива и ќе ме мотивира да продолжам да создавам уште многу музика – изјави Сара.

Како што кажавме погоре, Сара за брзо време ќе ја промовира и својата втора песна, а дотогаш уживајте, споделете и „лајкнете“ ако ви се допаѓа нејзината прва авторска песна:

Коронавирус