петок, 23. август 2019. Вести денес: 51
home Музика

Познати музички ѕвезди од Британија бараат преместување на Евросонгот од Израел поради само една причина

Познати музички ѕвезди од Британија бараат преместување на Евросонгот од Израел поради само една причина

Вивиен Вествуд, Питер Габриел и Волф Алис се дел од 50-те британски уметници кои побараа овогодишниот Евросонг на место во Израел да се одржи во некоја друга држава, јави Би-Би-Си.

Причината за ваквото барање, како што се наведува во отвореното писмо до Би-Би-Си, е „кршење на човековите права во Палестина“ од страна на израелските власти. – Евросонг можеби е лесна забава, но тоа не значи дека не треба да се води сметка за човековите права, стои во писмото.

– Не смееме да затвораме очи пред систематското кршење на човековите права во Палестина од страна на Израел. Би-Би-Си според својот статут мора да ја промовира слободата на изразувањето. Треба да дејствува во согласност со своите принципи и да изврши притисок врз Евровизија да се премести натпреварувањето во земја во која не се случуваат активности против слободата, истакнуваат британските музичари во писмото.

Би-Би-Си во одговор на писмото наведе дека тоа што телевизијата го покрива овој меѓународен музички натпревар, е несоодветно да се користи за политички цели.

Некои од ѕвездите, како што се Лана дел Реј, Ник Кејв и „Рејдиохед“, повикаа на бојкот на настанот и најавија свои концерти.

Евросонгот треба да се одржи во Тел Авив во мај, откако на ланскиот Избор на песна на Евровизја победи израелската пејачка Нетво.