Мартинијан Кириловски лани ја правеше Македонија горда со своите настапи на „Ѕвездите на Гранд“. Со секоја изведба ги освојуваше симпатиите на публиката, а комплиментите од жири-комисијата беа се посилни.
Неговите обожаватели и љубителите на квалитетна музика, сега добиваат подарок од него, а тоа е новата песна.
Оваа прекрасна песна е насловена како „Пола света“. Станува збор за модерен стил, наменет за сите генерации. Вистинско освежување на македонската музичка сцена.
Музиката и аранжманот се дело на Иле Спасев, а текстот го напиша Огнен Неделковски.
Коментарите под видео записот се дека Македонците се гордеат со секој успех на ова момче, така и со новата песна.
Само напред!