среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 103
home Музика

Постхумниот албум на Леонард Коен ги освојува светските листи

Постхумниот албум на Леонард Коен ги освојува светските листи

Трудот кој Леонард Коен го има вложено во својот последен албум неговите обожаватели длабоко го почитуваат.

„Thanks For the Dance“ е 15-то студиско издание на Коен кое е објавено пред две недели, а веќе е на врвот на топ-листите ширум светот.

Последните недели од својот живот, канадскиот кантавтор ги поминал создавајќи девет нови песни во својот дом.

Свесен дека му се ближи крајот, Леонард бил воден од последниот наплив на инспирација и уметничка визија, опишува неговиот син Адам.

Постхумниот албум на познатиот уметник е објавен на 22 ноември и дебитираше на врвот на листите за најдобар албум во родната Канада.

Број еден е и на листите во Белгија, Данска, Германија, Холандија, Норвешка и Швајцарија.