недела, 31. мај 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Музика

Пола „Гранд“ доби отказ – старите афирмирани пејачи завршија на улица

Пола „Гранд“ доби отказ – старите афирмирани пејачи завршија на улица

Во моментов естрадата е во криза поради новонастанатата ситуација со пандемијата со коронавирусот. Сепак, ова не е прв пат српската естрада да биде во криза. Имено, во 2009 година Саша Поповиќ, во договор со неговиот тим, реши да им се посвети на „Ѕвездите на Гранд“, кои беа екстра популарни и барани, а афирмираните, стари sвезди да ги „исфрли“ од својата продукција.

Можеби  малкумина се сеќаваат дека во таа 2009 година, во „Гранд продукција“ Саша Поповиќ направи голема чистка на проверени пејачи.

Некои медиуми и портали дури организираа гласања и анкети каде луѓето можеа да гласаат кого сакаат, а кого не сакаат од пејачите да го гледаат на Гранд сцената.

Естрадата беше во паника, сите се плашеа дека тоа ќе бидат тие што повеќе нема да снимаат за „Гранд“.

Така, фолк пејачите како  Стоја Новаковиќ, Миле Китиќ, Дара Бубамара, Митар Мириќ, Маја Маријана, Гога Секулиќ, Јелена Брочиќ, Наташа Ѓорѓевиќ, Тина Ивановиќ, Шеки Турковиќ, Јашар Ахмедовски, Јана Тодоровиќ, Марта Савиќ, Снежана Савиќ… и многу други први ги примија „отказите“ како ѕвезди на „Гранд продукција“.

Потоа и многумина од помалку популарните пејачи се соочија со истата судбина. Неколку години подоцна, кога популарноста на „Sвездите на Гранд“  драстично се намали, Саша Поповиќ повторно ги повика сите пејачи што претходно ги отпушти да се вратат назад во „Гранд. Некои се вратија, а некои продолжија да снимаат, издаваат и настапуваат самостојно.

Коронавирус