среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Музика

Пол Макартни во декември ќе издаде нов албум снимен за време на карантин

Пол Макартни во декември ќе издаде нов албум снимен за време на карантин

Легендарниот музичар Пол Макартни на 11 декември ќе го објави албумот „McCartney III“, со нова колекција на песни кои ги напишал, отсвирил и продуцирал половина век по својот прв самостоен албум.

Албумот е снимен во Сасекс, а 78 годишниот музичар го направил сам, пренесува магазинот „Roligstoun“.

-Живеев карантински живот на својата фарма со семејството и секој ден одев во студио. Морав да работам на филмска музика, а тоа се претвори во прва песна. Кога ја завршив, се прашав што понатаму, изјавил Макартни.

Тогаш, додава тој, се вратил кон полудовршените секвенци кои ги создавал низ годините.

-Секој ден почнував со снимање инструменти на кои сум ја напишал песната и постепено работев на нови слоеви, беше многу забавно. Тоа беше создавање музика за себе, а не за некоја цел. Работев на работи кои ги сакам и не знаев дека ќе заврши како албум, заклучува музичарот.

Пол Макартни претходниот албум „Egypt Station“ го издаде во 2018 години, а последната турнеја ја имаше минатата година.

Коронавирус