понеделник, 25. март 2019. Вести денес: 62
home Музика

Погледнете го заедничкиот настап на поранешните членови на Битлси и Стоунси (ВИДЕО)

Погледнете го заедничкиот настап на поранешните членови на Битлси и Стоунси (ВИДЕО)

Пол Макартни заврши со европскиот дел од својот турнеја Freshen Up на распродадатниот концерт во лондонска О2 арена, а на публиката и приреди големо изненадување.

Поранешниот член Битлси на концерт во неделата вечер во Лондон изнесе речиси 40 хитови од својата повеќедецениска кариера – песни на Битлси, Вингс, како и соло творби, но вистинското изненадување следеше на бис.

На сер Пол на бина му се приклучи колегата од Битлси – бубњарот Ринго Стар и гитаристот на „конкурентскиот бенд” – Рони Вуд од Ролинг Стонс.

Заедно ја изведоа песната „Get Back”, а како звучеше, погледнете на видео-снимката: