четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Музика

Почнува 21-то издание на Таксират

Почнува 21-то издание на Таксират

Со ПИН музичка конференција и шоукејс, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, денеска почнува 21-во издание на ТАКСИРАТ, денови посветени на културата и уметноста.

Во кино Фросина, вечер ќе се одржи панел насловен „Излажи ме!“, на којa ќе се дискутира со градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов, и со претставници од културниот сектор: Васил Ѓуроски, Теодора Василевиќ, Костадин Шурбановски, Симона Димковска и Небојша Вилиќ.

Вечерта ќе биде музички збогатена со настапите на чешката џез-пијанистка Бара Змекова, српскиот артист Марко Луис и култните љубљанчани Боргезија, кои ќе настапат во Денсинг салата.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат над 30 бесплатни концерти на групи од 13 држави.