вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 61
home Музика

Почина македонскиот музичар кој беше најпознат во родното Куманово (ФОТО)

Почина македонскиот музичар кој беше најпознат во родното Куманово (ФОТО)

На осумдесетгодишна возраст почина Столе Трајковски, еден од најпознатите музичари во Куманово, кој со неговиот кларинет и саксофон ги освојуваше светските сцени на културно-уметничките друштва.

Ја започнал својата кариера во „Градската Музика”и ја продолжил во Културно – уметничкото друштво „Панче Пешев“ каде што бил член повеќе од 50 години.

Се појавуваше на големите сцени во Франција, Монако, Шпанија, Италија, Бугарија, Романија и ширум бивша Југославија каде беше повеќекратно наградуван за неговите настапи.

Учествуваше и во документарната видеореконструкција „Свадбата во Кокино” во продукција на „Музеј Куманово” каде беа прикажани свадбените автентични обичаи во Кумановско, филмот беше промовиран од Институтот за македонски фолклор.

Коронавирус