сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 83
home Музика

Почина легендарниот грчки пејач- неговите песни сите ги имаат слушано додека летувале во Грција (ВИДЕО)

Почина легендарниот грчки пејач- неговите песни сите ги имаат слушано додека летувале во Грција (ВИДЕО)

Познатиот грчки кантавтор Лаврентис Макаиритсас почина утрово на свои 63 години од срцев удар, јавуваат соседните медиуми.

Пејачот бил на одмор во својата викендица кога рано утрово му се слошило од каде е пренесен во болница каде починал во 6.30 часот.

Тој инаку имал и закажано настап утре кога требал да одржи хуманитарен концерт со својот колега Никос Портокалоглоу.

Инаку неговите песни се многу познаци ширум земјата и сигурно и вие некогаш сте имале прилика да ги слушнете додека сте летувале во Грција.