четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 120
home Музика

Пет дена до детската Евровизија 2018: Марија Спасовска пристигна во Минск

Пет дена до детската Евровизија 2018: Марија Спасовска пристигна во Минск

Пет дена не делат од детската Евровизија во Минск, Белорусија, на која оваа година ќе не претставува 13-годишната Марија Спасовска од Скопје со песната „Дома”. Песната на Марија испраќа топла и хумана порака до сите деца во светот.

Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“.

Лани на манифестацијата која се одржа во Тбилиси, Грузија, Македонија ја претставуваше Мина Блажев. Тогаш, од 16 земји-учеснички, завршивме на 12 – то место. Оваа година атаакуваме на повисоките позции со песна на Дарко Димитров и Елена Ристеска.