недела, 12. јули 2020. Вести денес: 133
МЕГА БОМБА

Нуклеарна бoмба: Заев зема рeкет од 6 милиони евра! (АУДИО)

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

home Музика

Паричната помош од 14.500 денари на владата ја подели естрадата: За едни – „ситниш“, за други – „бакшиш“!

Паричната помош од 14.500 денари на владата ја подели естрадата: За едни – „ситниш“, за други – „бакшиш“!

Владата деновиве на седница донесе уредба со законска сила за финансиска поддршка на естрадата за време на вонредна состојба, за уредување на условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка на естрадните уметници погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, за месеците април и мај 2020 година.

Предмет на финансиска поддршка е исплатата на финансиски средства за споменатите месеци во месечен нето-износ од 14.500 денари. За исполнување на критериумите за користење на оваа финансиската поддршка ќе одлучува посебна комисија во која ќе членуваат истакнати естрадни уметници. Тоа е она што Владата го понуди, а естрадните уметници ги подели… И тоа уште во старат, на се’ уште недоделени пари!

Имено, едни се изнасмејаа на уредбата, други категорички ја одбија доделената „цркавица“, за трети тоа е ситниш, но за некои ова му доаѓа како непланиран бакшиш!  Како по обичај, муабетите веднаш тргнаа, социјалните мрежи зовреа, а естрадните уметници се поделија на два табора: оние што ќе ја прифатат паричната помош и оние кои нема да го сторат тоа, иако естрадата е речиси 4 месеци без работа и никакви приходи!

Прв пример на оние кои се откажаа од „непристојниот владин предлог“ е фолк пејачот Јордан Митев, чиј личен став е следен:

„Срамота и нехумано е вистински естраден уметник да бара 14.500 денари помош од државата! Тој што работел добро и домаќински во нашата каква – таква професионална естрада ќе може да ја преживее оваа криза, тој што не работел добро и домаќински и пред корона кризата бил во криза и по короната пак ќе биде во криза. Таквите естрадни уметници кои што преживуваат и кои што чекаат од државата 14.500денари можеби попаметно е да си фатат постабилна и сигурна работа, а естрадата да ја остават на оние кои што можат добро да пливаат во тие води. Така ќе ни се зголеми и квалитетот и цената“ – вели познатиот пејач и додава:

„Секој пејач што држи до себе, што вреди, не му е дојдено до 14.500 денари. Ако им дошло до овие пари, навистина нека се вработат на друго место. Нека не се декларираат како естрадни уметници. Ги разбирам оние музичари што зависат само од свадбите, ним треба да им се помогне. Но, естраден уметник е нешто друго, повисока категорија и таа треба да биде заслужена и оправдана“ – додава пејачот.

Од друга страна пак, прв од групата на оние естрадни уметници кои сметаат дека без оглед колкав е износот, парите од владината поддршка треба да се земат е младиот и се’ попопуларен фолк пејач Спасен Сиљаноски. Но, не заради тоа што кој знае колку ќе ии помогнат или наполнат буџетот на естрадните уметници, туку заради нешто сосема друго.

„Јас ќе ги земам тие 14.500 денари и не е важно каде ќе потрошам. Можеби ќе дадам на двете деца и сопругата. Односно дали ќе ги потрошам на семејство за леб и млеко или ќе ги испијам во кафеана или ќе ги донирам на некој што воопшто нема, тоа веќе е моја работа. Но, јас ќе ги земам зашто во минатото некои милионери и функционери, како што се Мира – Дизел, Силвана Бонева и ред други,  земаа стотина илјади евра за патни трошоци, односно земаа околу 150.000, а сите знаеме дека нивните примања се огромни. Како што се огромни и нивните бенефиции, кои ги имаат благодарение на функцијата. Тука ќе ги споменам и фирмите кои располагаат со милионски капитал, како и ресторани, кои заработуваат илјадници евра месечно, а сепак, се обесштетени со енормно големи суми државни пари. Епа ако можт Мира -Дизел и Бонева, можам и јас“ – вели Спасен.

И додека се подготвуваат списоците и листите на оние уметници од естрадата кои ќе се најдат на нив, останува прашањето дали тие пари се за нив само обичен „ситниш“, со оглед на тоа колку заработуваат во нормални услови или обичен бакшиш, кој добро ќе им дојде во овие околности? Се разбира, кој, како и според кои критериуми ќе се најде на листата за владини „субвенции“ и кој ќе ги прифати, а кој ќе ја одбие понудената државна помош, останува да анализираме и коментираме откако паричната помош за естрадните уметници ќе биде поделена!

 

извор: vistina.com.mk

Парламентарни избори 2020