вторник, 3. август 2021. Вести денес: 158
home Музика

Овие песни му се омилени на принцот Чарлс

Овие песни му се омилени на принцот Чарлс

Во текот на гостувањето во една радиоемисија посветена на здравствените работници и волонтери, принцот од Велс, Чарлс, навел список на песни, а меѓу неговите омилени интерпретатори се уметници од Јужна Африка, Шкотска, Ирска, Франција…

Како песна на која порано сакал да заигра, го издвоил поп хитот „Givin ‘Up, Givin’ In“ на групата „Д три дигрис“, пренесе Би-би-си. Песната „Lulu’s Back In Town“ од 1935 година на Дик Пауел, како што изјавил принцот, го потсетувала на баба му. Ја избрал и „Don’t Rain on My Parade“ на Барбара Стрејсенд, сеќавајќи се на средбата на оваа музичка ѕвезда пред настапот во Калифорнија.

Во неодамнешната радиоемисија, меѓу омилените песни, принцот Чарлс ги издвоил и: „La Vie En Rose“ (Едит Пјаф), „Upside Down“ (Дајана Рос), „The Voice“ (Имер Квин), „The Click Song“ (Миријам Мекеба), „You’re a Lady“ (Питер Скелерн), „La Mer“ (Шарл Трене), „Lulu’s Back In Town“ (Дик Пауел), „Tros Y Garreg/Crossing the Stone“ (Катрин Финч) и други.

 

Коронавирус