понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 57
home Музика

Оваа песна сите ја слушаме деновиве, а станала позната дури 36 години откако била објавена

Оваа песна сите ја слушаме деновиве, а станала позната дури 36 години откако била објавена

Песната Last Christmas на групата Wham! прв пат се нашла на врвот на британската топ листа на синглови, 36 години откако првпат била објавена.

Овој божиќна класик минатата недела бил преслушан 9,2 милиони пати, соборувајќи го видеото на LadBaby, Don’t Stop Me Eating.

Песна од Џорџ Мајкл и Ендру Ригли, првпат беше објавена во 1984. година, поради хитот на Бенд Аидот Do They Know It’s Christmas?, но никогаш не стигнала до првото место.

Ригли рече дека е „донекаде изненаден“ што песната дури сега стасала на врвот.

Тој рекол дека е воодушевен и длабоко задоволен од добиената вест, „иако 36. години по објавувањето на песната, што е повеќе од што било доказ за нејзината безвременска привлечност и шарм“.

„Тоа е пригодна посвета на генијалниот кантавтор Џорџ и нешто со што тој би бил исклучително горд и нешто со што би бил исклучително воодушевен“, додал Ригли.

Откако песната излезе во 1984 година, шест пати влегуваше во првите десет.

Коронавирус