четврток, 26. мај 2022. Вести денес: 100
home Музика

Оваа балканска земја нема право ниту да го пренесува настанот – на Евровизија не учествува шест години, а ЕБУ ја тужи земјата поради милионски долг!

Оваа балканска земја нема право ниту да го пренесува настанот – на Евровизија не учествува шест години, а ЕБУ ја тужи земјата поради милионски долг!

На најголемиот европски музички натпревар Босна и Херцеговина не учествувале од 2013 година (со пауза во 2016 година), па сè до 2022. Тие се под санкции од Европската радиодифузна унија (ЕБУ), па дури не можат ниту да го емитуваат натпреварот.

„Радио телевизија на Босна и Херцеговина БХРТ е под санкции од ЕБУ од 2017 година поради долг од околу шест милиони швајцарски франци“, пишуваа претходно локалните медиуми.

– Вториот фактор е што при ваквото финансирање на јавните сервиси не можеме да издвоиме средства за учество на Евровизија. Со минималниот број на учесници и сите останати на минимум, трошоците се речиси половина милион марки. Тоа се огромни пари за нас во моментов. И не постои законски регулиран начин на собирање на данокот на РТВ, кој би бил доволен извор на средства за финансирање на сите функции на јавниот сервис, вклучително и на Евровизија – изјавила во 2020 година раководителката на Одделот за меѓународни работи на БХРТ и последен шеф на делегацијата на БиХ Лејла А. Бабовиќ за „Аваз.ба“.

„Дури и ЕБУ беше подготвена да ни даде зелено светло, под одредени услови, доколку се исплатат некои долгови, но сега тоа е толку илузорно во нашата земја“, додала таа. Долговите кон ЕБУ изнесуваат шест милиони швајцарски франци и поради тоа европската организација ја тужеше БХРТ.

Последен пат тие учествуваа во 2016 година, кога со песната „Љубов“ ја претставуваа Далал, Дин, Ана Руцнер и Јала.

Коронавирус