понеделник, 23. април 2018. Вести денес: 0
home Музика

Ова талентирано дете пее за нејзиниот татко кој умира од рак: Нејзиниот настап ќе ве расплаче (ВИДЕО)

Ова талентирано дете пее за нејзиниот татко кој умира од рак: Нејзиниот настап ќе ве расплаче (ВИДЕО)

Кога Еви Клер излезе на шоуто “America’s Got Talent”, публиката и жирито не знаеја дека ќе биде премногу емотивен овој настап на девојчето. Еви ги следеше своите соништа со аплицирање за оваа аудиција, но исто така имаше и тажна приказна што сакаше да ја сподели со другите. Нејзиниот татко умира од рак.

Ова девојче остана храбро и поголемиот дел од времето таа успеа да ги задржи нејзините емоции. На нејзината прва изведба, таа ја маѓепса публиката со нејзиниот прекрасен, силен глас.

-Отсекогаш ми беше сон, откако бев мало девојче, Еви му објасни на жирито зошто сака да пее и да настапува.

Потоа ги сподели детелите со целата публиката, а песната “Arms” од Кристина Пери ја посвети на нејзиниот татко. Нему му било дијагностициран рак на белите дробови, во четвртата фаза од 2016 година, и иако добил само 5% шанса за преживување, тој продолжил да работи во затворот во малиот град во кој живеел за да го поддржува неговото семејство.

“Вечерва сум тука да пеам за него”, рече таа.

Песната што ја пееше оваа ноќ беше многу посебна за Еви и нејзиниот татко.

-Кога татко ми има лош ден, одам во неговата соба и ја пеам оваа песна за да се чувствува подобро и да го утеши и да му даде сила да продолжи да се бори, вели Еви.

Нејзината извонредна изведба и обезбеди место во ова натпреварување и таа беше во топ 10.

Иако не победи, таа ги освои срцата на жирито и публиката, бидејќи беше толку храбра да ја сподели семејната приказна и борбата на нејзиниот татко со ракот.

Погледнете ги нејзините неверојатни перформанси во видеото подолу.