понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 58
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Музика

Oва српска пејачка е прва која ќе одржи настап по завршувањето на вонредната состојба

Oва српска пејачка е прва која ќе одржи настап по завршувањето на вонредната состојба

Поради пандемијата со коронавирусот, музичките ѕвезди од регионот и светот ги откажаа своите настапи и турнеи.

Пејачката Наташа Беквалац е прва пејачка која ќе одржи настап. Имено, таа на социјалните мрежи објави дека на 3 јуни ќе настапува во еден белградски клуб, а и покажа како се подготвува со својот бенд.

„Пред неколку дена повторно се собравме мојот музички бенд и јас. Толку многу се израдував што повторно сме заедно, уживав како никогаш досега, правевме нови аранжмани, се дружевме, се смеевме….Не можам да дочекам…Господе што да облечам за да ви бидам убава? Многу сум среќна и возбудена бидејќи на 3 јуни пееме на големото отварање на клубот „Port“. Ве чекам и обожавам“.

 

Коронавирус