Претставничката на Македонија на овогодинешната Евровизија, Тамара Тодевска е пресреќна што на Македонија вчера и беше соопштено дека сепак е победничка на Евровизија од гласовите на стручното жири откако претходно било направено грешка во гласањето на белоруското жири.
Сепак таа преку своја изјава и се извини на претставничката на Србија која од нас не доби ниту еден поен.
-Ја сакам песната на Невена, „Курна“, беше неверојатна на сцената иако не бев вклучена во гласањето на жирито, ниту знаев за кого гласале, сакам да и се извинам поради оваа неправда.