понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 0
home Музика

Ова е најстарата песна во светот, слушнете ја (ВИДЕО)

Ова е најстарата песна во светот, слушнете ја (ВИДЕО)

Песната може да ве пренесе во едно сосема друго време или друг дел од светот. Сега можете да ја слушате музиката стара 3.500 години.

Најстарата позната песна во светот била химна на еден култ на Блискиот исток, а таблите на кои е запишана се пронајдени во древниот град Угариту на територијата на денешна Сирија, кон почетокот на педесеттите години од минатиот век.

Верзијата на песната која е приложена во видеото ја изведува Мајкл Леви, музичар и композитор кој се занимава со читање и реконструкција на древна музика и техники на свирење.

На пронајдените 29 таблици имало знаци кои означуваат ноти на хуритски јазик. Х6 бил настариот фрагмент на мелодијата досега откриен во историјата.