среда, 8. јули 2020. Вести денес: 50
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Музика

Организаторите потврдија: Скршено ни е срцето бидејќи Евросонг нема да се одржи во мај

Организаторите потврдија: Скршено ни е срцето бидејќи Евросонг нема да се одржи во мај

Организаторите на избор за песна на Евровизијата денеска соопштија дека поради ситуацијата со коронавирусот го откажуваат ова музичко натпреварување.

„Со голема тага мора да соопштииме дека Изборот за песна на Евровизија 2020 во Ротердам е откажан. Во текот на последните неколку седмици разгледувавме различни алтернативни опции како да ја организираме Евровизија. Меѓутоа, со оглед на неизвесноста која ширењето на коронавирусот го предизвика во Европа и ограничувањата воведени од земјите-учеснички и Холандија, ЕБУ донесе тешка одлука дека не е можно да се продолжи со планираниот настан“, се вели во соопштението од ЕБУ.

„Скршено ни е срцето бидејќи Евросонг нема да се одржи во мај, но сигурни сме во тоа дека целото Евросонг семејство ширум светот ќе продолжи да шири љубов и поддршка во овие тешки времиња“, соопшти, меѓу другото, организаторот на манифестацијата.

Изборот за песна на Евровизија требаше да се спроведе од 12 до 16 мај во Ротердам, а македонски претставник требаше да биде Васил Гарванлиев.

Парламентарни избори 2020