сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 58
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Музика

Оперската пејачка Ивана Здравкова која живее и работи во Австрија поради коронавирусот ги откажа своите концерти и претстави

Оперската пејачка Ивана Здравкова која живее и работи во Австрија поради коронавирусот ги откажа своите концерти и претстави

Оперската пејачка Ивана Здравкова е една од нашите музичарите во странство, затекната од забраните за работа поради Коронавирусот. Два од нејзините претстојни концерти се одложени и последните три претстави од нејзината насловна улога Розата од Стамбул беа откажани.

Ивана Здравкова во последните месеци до застојот поради коронавирусот, настапуваше во Театарот „Баден“ во нејзината прва насловна улога под псевдонимот Розата од Стамбул (Конџа Ѓул), во истоимената оперета Розата од Стамбул од Лео Фал. Премиерата беше во Јануари и следеа 10 претстави, од вкупно 13 планирани.

„На 11 Март требаше да гостуваме во еден голем театар Св. Пултен, но еден ден претходно ми се јави директорот да ми соопшти дека иако нашиот тим од сценска техника веќе е таму и ја подготвува сцената за нас, за жал морале да застанат со работа заради ситуацијата со Коранавирусот. Премногу бевме возбудени за тоа гостување, но за жал не се одржа и нема начин да се премести за во друг период. За неколку дена после тоа требаше и да отпатувам за Македонија и на 18 Март да учествувам на еден прекрасен концерт, 25 годишниот јубилеј на мојата професорка примадоната Весна Ѓиновска Илкова, заедно со многу бројни гости, како Влатко Стефановски, диригентката Бисера Чадловска, Љубчо Мирковски и многу други, се надевам дека ќе ја имам честа во некој друг термин да го одржиме концертот! Третиот ангажман кој исто така не се одржа, беше мојот рецитал заедно со Невен Црниќ, баритон од Босна и Херцеговина, со кого бевме наградени на Интернационалниот Хајдн Натпревар 2019 година, каде јас ја добив наградата за „Најдобра Изведба на Хајдн Арија“. Концертот требаше да се одржи на 10 мај денот на мајката во Австрија, со целокупниот материјал кој го имавме пријавено на натпреварот. Со оглед на тоа што се уште има забрана за одржување настани, би требало да го одржиме наредната година на истиот датум, вели таа“.

Театарот Баден се наоѓа во близина на Виена и е театар фокусиран пред се на оперети и мјузикли и во последните неколку години и по една опера годишно, неговото поранешно има е Оперетна Метропола.

Во Операта Розата од Стамбул се работи за младата Турчинка Конџа, израсната во богато семејство со татко Паша, која се соочува со договорен брак, додека е всушност вљубена во швајцарскиот писател Андре Лери со кого се допишува. Меѓутоа иако свадбата ќе се одржи, таа храбро ќе го соочи младоженецот Ахмед Беј и ќе побара од него четири недели да ја освојува и да се запознаваат, а на крај таа да одлучи дали да биде со него, или да си замине кај тој што го сака, Андре Лери, земајќи европски пример за правото на избор на жената. Приказната сепак завршува со среќен крај, бидејќи Ахмед Беј и признава дека тој е всушност писателот Андре Лери.

“Морам да признам дека улогата бараше многу работа во пејачка смисла, бидејќи мојата музичка линија имаше голем опсег од цели две октави, со многу ниски и многу високи тонови, со огромни скокови, често задржување во средната лага и силна оркестрација, а меѓу другото и голем број на дијалози на Германски јазик без микрофон! Гласноста и разбирливоста беа на прво место! Актерски ми беше блиска, бидејќи сите имаме некакви искуства кога сме биле заљубени или сме се бореле да оттргнеме некој додворувач, иако можеби нешто сме чувствувале за нив, а и во животот сум борец, така да борбата против традицијата и борбата за своите права ми одеа од рака и со големо задоволство J Морам да признам дека со секој нов предизвик се расте и за тоа сум пресреќна! Имам и многу позитивни критики од критичари во весници, како и од колеги и од гледачи од публиката, дека уживале во мојата глума, бидејќи изразот на мојата емоција бил реален, уживале во убавите високи тонови и за мене доста важно, во говорот сум им била разбирлива, дури повеќе и од самите австријци. Еве и превод од една официјална критика од Баден Весник: Ивана Здравкова импресионира како солистка во улогата на Конџа Ѓул, како со чист и моќен глас, дури и во тешките прелази, така и колку автентично оваа самоволна  и храбра Конџа ја отелотворува, раскажува Здравкова“.

Таа додава дека во Австрија многу уметници од сите бранши на култура се погодени од моменталната ситуација, заради затварање на театрите, концертните сали и приватните проекти.

-Голем број музичари не се во целост или воопшто исплатени за останатите термини, врз оправданието  „виша сила“. Како бека-ап е тука социјалното осигурување кое помага на оние кои им следува, за слободните уметници пак постојат разни фондови, а за вработените, се разбира и понатаму си ги задржуваат работните места и платата си тече, а во периодов ќе се разговара кога и на кој начин би можеле театрите повторно да работат и да одржуваат претстави. Во секој случај и другите фирми секако дека се погодени заради затворањето на објектите, не се само уметничките бранши. Инаку во поглед на слободата на движење, во Австрија никогаш не стана збор за забрана за излегување, едноставно само не е дозволено собирање на луѓе во групи, освен со они со кои живееш, држење на еден или два метра растојание и после повеќе недела воведоа и да се користат маски во продавниците. Сега пополека се отвораат се повеќе продавници, меѓутоа на 24ти и 25ти април се одржаа првите протести против владините мерки за време на Корона вирусот. Изнесени се разни сфери со кои не се согласни, меѓу кои одземеното право на слобода, отсуството на гласот на народот, губењето на работни места, неможноста децата да си играат со другарчињата и да одат на училиште, забраната за патување, противење на можното задолжително вакцинирање, околу ефикасноста на тестовите за Ковид 19 и тн. За жал ова се тешки времиња каде народот е во неизвесност и нормално е да чувствуваме страв. Се надевам дека наскоро работите ќе се вратат во нашата стара нормала и им посакувам на сите мир и здравје, вели Здравкова.

Коронавирус