вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 54
home Музика

Омикрон го одложи доделувањето на Греми

Омикрон го одложи доделувањето на Греми

Доделувањето на Греми наградите оваа година ќе биде одложено, но не е закажан нов датум за одржување на свечената церемонија.

-По внимателно разгледување и консултирање со градските и државни претставници, Академијата за снимање и Си-Би-Ес одлучија да го одложат годишеното доделување на наградите, се вели во соопштението објавено на официјалната страна на Греми.

Се наведува дека здравјето и сигурноста на сите вработени е апсолутен приоритет, а со оглед на појавата на омикрон мутацијата, доделувањето на наградите е ризично.

Истото требаше да се одржи на 31 јануари.

Коронавирус