вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Музика

Одлична комбинација: Талентираните музичари и згодната пејачка ќе ја кренат македонската публика на нозе

Одлична комбинација: Талентираните музичари и згодната пејачка ќе ја кренат македонската публика на нозе

Каде и да се појават, Бока Конга и Боби Сакс, прават одлична забава и ја доведуваат атмосферата каде што настапуваат до највисока точка.

На талентираните музичари, сега им се придружи една од најзгодните пејачки на македонската музичка сцена, Симона Поповска. Како што претпоставија сите кои слушнаа за оваа комбинација, истата се покажа како полн погодок.

Убавата Симона одлично се вклопи со Бока и Боби, а според момците таа е еден од најдобрите вокали за латино музика во Македонија.

Првиот настап тие го имаа во петокот во Штип. Публиката ја кренаа на нозе, направија одлична забава, а за оваа ноќ штипјани уште долго ќе зборуваат.

Поради успехот на самиот старт од соработката, Бока, Боби и Симона ќе продолжат да настапуваат заедно, изведувајќи комерцијална латино музика низ цела Македонија.

Оваа сабота ќе настапт во Кавадарци, а потоа веќе имаат закажано настапи во Скопје.

Тие најавуваат нов заеднички проект во иднина, нов и поразличен настап од досегашните.