среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 156
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Музика

Од следната година Македонија можеби нема да учествува на Евровизија: Еве што одлучи МРТ во однос на Андреа по скандалот со македонското знаме!

Од следната година Македонија можеби нема да учествува на Евровизија: Еве што одлучи МРТ во однос на Андреа по скандалот со македонското знаме!

Македонската Радио Телевизија, по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме на тиркизниот тепих и по првичното Соопштение кое што беше објавено по реакциите на јавноста, детално ги разгледа сите аспекти за евентуалното повлекување на нашата претставничка од Евровизија.

Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување.

Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа.

Македонската Радио Телевизија ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.

Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија, стои во соопштението на МРТ.

Коронавирус