среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 93
home Музика

Објавен датумот за одржување на вторите „Music Awards Ceremony“

Објавен датумот за одржување на вторите „Music Awards Ceremony“

Вторите по ред Music Awards Ceremony, под официјален назив MAC 2020, ќе бидат одржани на 27 јануари, најавуваат организаторите и продуценти од Скајмјузик. Настанот на годината во музичкиот свет и овој пат ќе биде одржан во Штарк арената, во која минатиот пат го следеа 15 000 луѓе.

Како што и најавија организаторите после првата одржана манифестација, MAC овој пат ќе се прошири. Новина на церемонијата е тоа што во 2020 година ќе учествува и Словенија, покрај Србија, Хрватска, БиХ, Македонија и Црна Гора. А тоа значи дека и словенечки бендови, исто така, ќе се најдат на листите номинирани, а се подразбира дека и најпознатите словенечки музичари ќе настапат во ревијалниот дел на MAC. Освен тоа, манифестацијата ќе биде емитувана и на словенечка телевизија, како и на телевизиите во другите земји учеснички.

Она што ја издвојува Music Awards Ceremony од сите останати музички манифестации е фактот дека го „спојува она што не може да се спои“, па така и овој пат, најавуваат организаторите, на MAC ќе се чујат звуци на поп, рок, хип-хоп, народна музика и треп.

 

View this post on Instagram

 

Waiting… #MAC2020 Follow @music.awards.ceremony Video by @bogdanovicnikolaa #MusicAwardsCeremony

A post shared by MAC /Music Awards Ceremony (@music.awards.ceremony) on

MAC стана регионално препознатлив и по својот автентичен визуелен идентитет, кој нема да изостане ниту овој пат. На првиот MAC настапија: Стјепан Хаусер, Марија Шерифовиќ, Симфонискиот оркестар на РТС; Тони Цетински, Масимо Савиќ, Јелена Розга, Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог, Бајага, Сергеј Ќетковиќ, Лету штуке, Петар Грашо, Емина Јаховиќ, Вива вокс, Лолобриџида, Плави оркестар, Аца Лукас, Раста, Тончи Хуљиќ, Наташа Беквалац, Јелена Карлеуша, Каролина и оперската пејачка Светлана Палада, а доделени се и 26 MAC признанија со кои се опфатени сите музички жанрови.

Сè уште не е познато кои музички ѕвезди ќе имаат настапи на MAC 2020, но судејќи по минатиот, едно е сигурно – на оваа манифестација настапуваат само најдобрите од најдобрите.
Организаторите најавуваат дека Music Awards Ceremony и овој пат ќе има хуманитарен аспект и ќе биде реализирана во соработка со ЦЕБЕФ.