среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 103
home Музика

Ново име на балканската сцена: Слушнете ја песната на Ермедин

Ново име на балканската сцена: Слушнете ја песната на Ермедин

Ермедин или “EMDN“ е ново име на балканската музичка сцена.

Живее и работи во Градско, Велес. Од дете појавува силен интерес за музиката за веќе како тинејџер да почне да се занимава со компонирање, пред се, за свое задоволство како хоби, а потоа и професионално.

Во тоа време стекнува голема локална популарност што било инспирација да се зафати сериозно со надградба на својот уметнички талент. Музичкиот правец кој го инспирира и исполнува е хип хопот пред се, но и Трап музичкиот правец кој е актуелен и модерен во денешно време посебно кај помладата популација.

Се запишува на Машинскиот факултет во Скопје 2008-2009 година поради што прави неколкугодишна пауза со музиката за да летото 2019 година стапи во контакт со познатиот српски Youtuber “Gliša” изгради Youtube кариера со смешни видео анимацци за подоцна да почне и самиот да прави музика и песни.

Плод на тој контакт е соработка и снимање на песна и спот со работен наслов “Плави кристали“ кој го имате во прилог подолу.

Оваа песна официјално е првата студиска песна на “EMDN“.

После издавањето на оваа песна Ермедин во студиото на “Gliša” работи на снимањето на уште 3 нови песни во неверојатно квалитетна продукција и кои наскоро со огромна чест и задоволство ќе ви ги претстави заедно со високо квалитетни видео спотови.

Извор: РАДИОСТАР