недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 90
home Музика

Нов видео запис на Макфестовската балада „Штом љубовта исчезне“ на Наталија Славева

Нов видео запис на Макфестовската балада „Штом љубовта исчезне“ на Наталија Славева

Македонската пејачка Наталија Славева го претставува нејзиниот најнов видео запис за овогодинешната Макфестовска балада „Штом љубовта исчезне“ со која настапи во втората полуфинална вечер.

По пауза од 5 години, Наталија Славева повторно се враќа на музичката сцена со нова песна и видео.

Се работи за баладата “Штом љубовта исчезне” со која настапи на овогодинешниот Макфест 2018.

Музиката е дело на Томислав Коцевски, текстот е на Огнен Неделковски, а додека аранжманот е од Дејан Миленковски. За видеото се погрижија Фабрика продукција кое е снимено во винаријата Камник

-Со задоволство се враќам по подолг период на музиката, мојата прва љубов со една убава балада. Голема благодарност до целиот тим кој придонесе за да се направи еден убав производ, кој што се надеваме дека ќе и се допадне на публиката, вели Славева.

Коронавирус