четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Музика

Нов успех за мега хитот на Мајкл Џексон, над милијарда прегледи за „Billie Jean“

Нов успех за мега хитот на Мајкл Џексон, над милијарда прегледи за „Billie Jean“

Песната „Billie Jean“ на Мајкл Џексон собра над милијарда прегледи на ЈуТјуб и со тоа стана третата песна од осумдесетите години која го постигна ова.

Објавена во 1983 година на MTV, песната просечно оваа година имала по 600.000 прегледи дневно.

Од музичарите од осумдесетите, над милијарда прегледи имаат само Guns N’ Roses со „Sweet Child O’Mine“ од 1988 година и групата A-ha со „Take On Me“ од 1984. година.

Песната „Billie Jean“ која ја напишал Џексон е наградена со две Греми награди.

Според податоците на страната statista.com, најмногу прегледи на ЈутЈуб има детската песна „Baby Shark“, со дури 8,8 милијарди прегледи, а следуваат „Despacito“ на Луис Фонси со 7,2 милијарди, како и „Shape of you“  на Ед Ширан која има 5,3 милијарди прегледи.

Коронавирус