среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 157
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Музика

Нов дует на македонската естрада по подолго време: Дани и Пеце пеат за крајот на овој свет! (ВИДЕО)

Нов дует на македонската естрада по подолго време: Дани и Пеце пеат за крајот на овој свет! (ВИДЕО)

Дуетските соработки кај нашите пејачи можат да се избројат на една рака, но за Дани и Пеце (Суперхикс) ова е втора нивна соработка.

„На крајот на овој свет” е најново дело на Весна Малинова Бабамов, а во изведба на Дани и Пеце.

Видеото е приказ на светски катастрофи и наши секојдневија со кои се соочуваме.

Во видеото се појавуваат неколку врвни музицари, како што се момците од „Conquering Lion“, Игор Џамбазов, Пере – Нокаут, Џоле Смут, Љубојна и Вера Јанковиќ кои преку свои пишани пораки се надоврзуваат како поддршка кон пораката која оваа песна ја пренесува.

„Поддршката е суштинска во време кога недостасува музика. Онаа колегијалната од взаемна почит е од особено значење“ – велат Дани и Пеце.

Пораката е директна. Преслушајте и изгледајте…