сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 71
home Музика

Неверојатно е како пее: Македонија горда на волшебниот глас на 14-годишната Миа Мустафа (ВИДЕО)

Во 16-та емисија од ова талент шоу Миа ја изведе „Valerie“ од Ејми Вајнхаус и предизвика неверување кај дел од жирито за тоа како и колку предобро пее.
Неверојатно е како пее: Македонија горда на волшебниот глас на 14-годишната Миа Мустафа (ВИДЕО)

“Кога Миа пее сè се тресе, „Досега не сме слушнале вакво извонредно пеење“, „Никој вака не ја испеал оваа песна, дури и повозрасните колеги ги победи“, „Пееш со огромна леснотија, а со толку убавина во твојот глас. Ти посакувам да ни пееш 100 години и да те слушаме на концерти низ светот“.

Ова се само дел од коментарите кои Миа ги добива по секоја нејзина изведба на регионалното музичко шоу „Пинкови Ѕвездички“. Во 16-та емисија од ова талент шоу Миа ја изведе „Valerie“ од Ејми Вајнхаус и предизвика неверување кај дел од жирито за тоа како и колку предобро пее.

Сепак сите славни пејачи, членови на жирито беа согласни Миа да стапи во контакт со нашиот музички продуцент Дарко Димитров како би ја започнала својата музичка кариера.

Сите овие пофални зборови кажуваат многу за 14 годишната Миа Мустафа која посакуваме да ја слушаме и гледаме уште многу години.

Уживајте и вие на 1ч 21мин во видеото во продолжение. БРАВО МИА!!!