вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 61
home Музика

Неговото место е на рап-сцената, но овојпат во Америка: Македонскиот рапер Вукац се враќа по пауза од 10 години! (ВИДЕО)

Неговото место е на рап-сцената, но овојпат во Америка: Македонскиот рапер Вукац се враќа по пауза од 10 години! (ВИДЕО)

Оние кои ја следеа македонската рап-сцена пред десетина години и тоа како се сеќаваат на артистот Александар Петров или пак можеби само Vukac MC – како што повеќето го познаваат.

Неговото последно издание беше во 2011 година, со темата „Ова е мојот живот“, каде што раскажува колку му е тежок животот во Македонија и дека нема на што да се гордее. Таа 2011 година Вукац ја промовираше и песната „За тебе зборат”, продуцирана од Никола Тефов (NT Beats) и Зоран Алексиќ – Снупи.

Е, токму тој Александар Петров по цели 10 години пауза повторно се активира, но овој пат од Америка каде што живее веќе неколку години.

Меѓутоа сега станува збор за нова рап-песна на англиски јазик, песна која многу наликува на неговата прв рап-песна во Македонија со наслов „Срце во пета“, тогаш продуцирана од Илија Делов, односно Били Ѕвер.

По цели 10 години, Вукац ја обновува соработката со Никола Тефов (NT Beats) и заедно ја создаваат новата песна „Step On The Gas“, во која гостува и SamGotDI, рапер од Њујорк / Бронкс, кој е познат уште во 2000-тите со неговата латинска хит рап песна OLE’ OLE’ OLE’ под името на изведувачот EL GRAN MATADOR. Овој рапер соработуваше и со групата Фуналито, кои имаат две „Греми“ номинации.

– Највеќе застанав со музиката поради финансискиот дел во Македонија. Имав огромни желби, но премногу препреки. Ја сакам Македонија премногу, но ете, Господ ми ја почуствува мојата желба и кога ја запознав Даниела мојата сопруга и заедно аплициравме за во Америка. После 10 години се чуствувам дека можам да продолжам со музиката, да креирам слободно и да си го остварам мојот сон – вели Вукац.

Инаку новата песна има кул звук на трап музика, со добар 808 бас и моќни и ударни стихови. Продуцент и композитор е Никола Тефов од Њу Џерси кој го носи името NT Beats. Исто така текстописци се Никола Тефов (NT Beats), Сем Серати (SamGotDI) и Александар Петров (Vukac MC).

Александар за во иднина вели дека ќе има нови песни на англиским но и македонски јазик, а исто така најавува и соработки со артисти кои ќе изведуваат на своите матични јазици од Јужна Америка, Африка, Балканот и Азија.

Песната „I Step On The Gas“ официјално беше објавена на 25-ти декември и тоа на сите платформи вклучуваќи VEVO, Apple Music, Spotify, Tidal и сите останати. Дистрибутор и публишер е NT Music.

Коронавирус