четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Музика

Наташа Беквалац ја отвора сезоната на концерти по долгата пандемиска пауза

Наташа Беквалац ја отвора сезоната на концерти по долгата пандемиска пауза

По долгата пандемиска пауза Скопје конечно се подготвува за новата концертна сезона!

Во сабота на 26 јуни, на платото пред А1 Арената, под отворено небо, балканската дива и миленичка на сите генерации Наташа Беквалац со ексклузивен концертен спектакл ќе не потсети на времињата исполнети со забава и ќе ни ги врати сеќавањата на сите успешни концерти.

Со нејзините добро познати хитови и сценски перформанс ветува неверојатна атмосфера која долго ќе се памети.

Концертот ќе започне во 21 часот, а картите кои се во строго лимитиран број, може да се купат онлајн на www.karti.com.mk или во Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2.

Коронавирус