вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Музика

На 9. мај стартува „Fusion Festival“ трето издание

На 9. мај стартува „Fusion Festival“ трето издание

Во услови кога целиот свет е во „карантин” и љубителите на добрата музика се приморани да седат дома и да ги почитуваат препораките на стручните лица, Fusion Festival и Спектаклум ви носат уште една незаборавна вечер, која во конкретните услови е од голема важност за публиката, но и еден вид помош за македонските артисти.

На 9 мај, со почеток во 20 часот од СЦ „Борис Трајковски“ ќе прозвучат дел од најдобрите македонски диџеј имиња. Фестивалот ќе биде продуциран и организиран на истото ниво како во салата да има публика, за сите оние што ќе го проследат да имаат чуство дека се присутни на самото место.

На третото издание на Фјужн Фесивал ќе настапат Ампов, WISH.CO и Зоки Бејбе.

Фестивалот кој е поддржан од Град Скопје, ќе може да се проследи на Youtube и Twitch каналите на фестивалот, како и на официјална Facebook страница.

ЕУРО 2020

Македонија