среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 80
home Музика

Музички фестивал Калабалак во Радовиш по четврти пат- еве ги деталите

Музички фестивал Калабалак во Радовиш по четврти пат- еве ги деталите

„Калабалак“ е електронски музички фестивал кој традиционално се оддржува во Радовиш, оваа година на 14-ти јули.

Својата прва едиција ја доживува во 2015-та со огромен интерес и оставен впечаток кај љубителите на електронската музика од Источна Македонија, како и сите кои биле дел од ова музичко доживување.

Оваа година со гордост ви го најавуваме четвртото издание на Фестивалот Калабалак #4 организирано од страна на Experience, со многу поголема продукција за загарантирано доживување на фестивалот.

Посебна чест и задоволство ни е да го најавиме JUSTIN MYLO како главна ѕвезда на вечерта, диџеј и продуцент кој веќе има настапувано на сите најголеми музички фестивали ширум светот како Ultra Music Festival (Miami), Tomorrowland (Belgium), EDC (Las Vegas) и многу други. Познат е по неговите успешни соработки со холандскиот диџеј и продуцент Martin Garrix каде   што заедно котираат високо на топ листите за електронска музика ширум светот.

За комплетно музичко шоу ќе се погрижат диџеи од Македонија Disconnected, Cyrillic i Ampov.

Влезниците можат да се купат на www.kupikartizase.mk или на самиот влез.