среда, 20. март 2019. Вести денес: 106
home Музика

Мрачна, но реална приказна стои зад големиот хит „Shallow“: Бил зависник кој морал да преживее ужасни работи

Мрачна, но реална приказна стои зад големиот хит „Shallow“: Бил зависник кој морал да преживее ужасни работи

Зависност од дрога и алкохол, издигнување од дното до врвот, чија животна приказна стои зад емотивните стихови на Shallow?

Дали и вие ја слушате постојано Shallow? Некако допира до срце, зарем не? Ова врвно музичко остварување собра низа награди и признанија.

Пред само неколку години инди-рок музичарот Ентони Росомандо беше зависен од дрога, преспиваше на каучите на пријателите и ја продаваше својата музичка опрема за да преживее.

Но, годинава на 42-годишна возраст тој се најде облечен во црн костим на сцената на Златни Глобуси, Греми, а сега и на Оскарите 2019 собирајќи трофеи за песната Shallow од филмот „A Star Is Born“, на која е ко-автор со Марк Ронсон, Ендрју Вајт и Лејди Гага.

Драматична реална приказна на Ентони од дното до врвот е дури поемотивна од приказната на Али, ликот на Гага во филмот.

Ентони откри дека Гага му се јавила и тоа бил судбоносен повик, кој го добил по само една година прекин и рехабилитација од зависноста од дрога и алкохол.

„Таа откако го прочитала сценариото помислила дека добро ќе се вклопам, па разговарав со Бредли Купер неколку пати за неговиот лик Џексон Мејн, кој исто така има проблем со зависност и сите имавме чувство дека ќе се поврзам со ликот. Имав сличен ментален склоп, па затоа Гага ме сметаше за вистинскиот кандидат“, изјави Ентони.

Ентони има богата музичка кариера зад себе, но зависноста направила да ја продава неговата скапа винтиџ музичка опрема во темни улички во Лондон и Лос Анџелес. Дури и кога ја пишувале Shallow тој сè уште се трудел да открие кој е и да се врати на вистинскиот пат.

Стиховите на песната вели дека дури може да бидат протолкувани како мисли на манично-депресивна личност. Тој вели дека со Гага ги отвориле срцата за оваа песна и дека се гледа по стиховите дека е напишана од луѓе со подеми и падови и со низа животни борби, а не од 20-годишни деца.

Ентони вели дека е воодушевен од успехот на песната, но сè уште е внимателен кога говори за своите зависности и ментални проблеми. Вели дека му се допаѓа што има чувство дека песната лечи.

Извор:ЦрноБело