четврток, 23. мај 2019. Вести денес: 47
home Музика

Моќна и емотивна балада: Боби Павловски ја објави новата песна (ВИДЕО)

Моќна и емотивна балада: Боби Павловски ја објави новата песна (ВИДЕО)

Новата балада на Боби Павловски насловена „Тамо негде“ од вчера, а под капата на Гранд продукција, и официјално е пуштена во етерот.

Моќната и емотивна балада е дело на веќе проверената екипа, која се потпиша и зад одличната „Метар дана“ Александар Цветковиќ – Сале Тропико, музика и Драган Брајовиќ-Браја, текст.

Зад миксот и мастерингот, пак, стои Милан Раѓен. Видеото во кое овој пат акцент е ставен на Боби е со потписот на талентираниот Даниел Јовески.

„Оваа тема е снимена одамна, односно буквално во исто време со „Метар дана“, но чекав да помине време, публиката убаво да чуе што сме сработиле, што се вели да легне претходната песна, па да ја промовирам и „Тамо негде“. Ми се допадна на прво слушање, иако е балада мислам дека звучи многу моќно. Се надевам дека и публиката ќе го има истото чувство“, вели Боби.

Дека е моќна и леплива за уво доволно зборува и податокот што неполни 24 часа од објавувањето на Јутјуб има повеќе од 32 000 прегледи.

„Да се работи со Боби е, пред се, задоволство, особено затоа што има моќен вокал. Првата песна која ја промовиравме кон крајот на минатата година беше брза, динамична мелодија, но мислам дека вистинската емоција која тој ја носи во себе доаѓа до израз токму во „Тамо негде“. Верувам во оваа песна, не дека е моја, но ми има некоја убава емоција“, вели Сале Тропико.