среда, 19. септември 2018. Вести денес: 0
home Музика

Младата Марија Спасовска продолжува да нижи успеси: Успеа да го освои интернационалното жири на фестивалот Тра-ла-ла (ФОТО+ВИДЕО)

Младата Марија Спасовска продолжува да нижи успеси: Успеа да го освои интернационалното жири на фестивалот Тра-ла-ла (ФОТО+ВИДЕО)

Марија Спасовска повторно го освои интернационалното жири на Интернационалниот фестивал Тра-ла-ла кој се одржа во Охрид и Битола од 14.08.2018 до 18.08.2018 Од 105 учесника од 18 различни земји од Европа, Марија Спасовска пред 18 членото жири успеа да се претстави во најдобро светло.

Таа на 18.08.18 на Гала концертот кој се одржа во Битола свечено беше прогласена за Best Voice од Претседателот на Интернационалното жири, кој покрај Пехарот Ѕвезда што ѝ го додели ѝ додели и школарина за вокална техника во Романија. Марија во Април 2019 ќе престојува во Романија и ќе ги усовршува своите вокални способности и техники.

Пресреќна сум ❤ На Интернационалниот фестивал Тра-ла-ла Охрид/Битола го предизвикав вниманието на 18 -членото жири и освоив 1. Специјална награда Диплома и Пехар 🏆 2. Награда BEST VOICE 🏆 3. Стипендија за школување на вокал во Романија (април 2019 година) од претседателот на Интернационалното жири 4. Акредитација за фестивал во Швајцарија каде ќе ја претставувам Македонија 5. Покана за претставување на Македонија на Интернационален фестивал во Полска ❤ ❤ ❤ ❤

A post shared by Marija Spasovska (@marija.spasovska_official) on

Покрај ова Марија Спасовска освои Специјална награда Пехар и Диплома во својата категорија во која се натпреваруваше и дополнително веќе со доделена акредитација ќе ја претставува Македонија на нови два фестивала во Швајцарија и Полска.