понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 99
home Музика

Младата Лара Иванова ниже хитови: Слушнете ја новата песна „Кој е сега крив“ (ВИДЕО)

Младата Лара Иванова ниже хитови: Слушнете ја новата песна „Кој е сега крив“ (ВИДЕО)

Новата музичка ѕвезда во Македонија, Лара Иванова пред помалку од три месеци го промовираше мега-хитот „Некогаш ќе помине“ и од тогаш, па се до денеска е број 1 на речиси сите радио топ-листи.

На Јутјуб оваа песна на Лара брои половина милион прегледи, што навистина е бројка за почит и на неа може да подзавидат повеќето нејзини повозрасни колеги.

Но, сега е време за нешто ново од младата Лара.

Таа вчера на социјалните мрежи ја промовираше својата најнова песна со наслов „Кој е сега крив“. Станува збор за уште една нумера во сличниот „вајб“ како и нејзината претпоследна композиција, но сепак нешто ново и интересно.

Се разбира, тимот кој победува не се менува, па така и овојпат како автор на музиката и аранжманот се потпишува Иле Спасев, додека текстот е дело на Робин Зимбаков.

Лара вели дека е презадоволна од соработката со Иле и Робин и дека ќе продолжи и понатаму.

– По промовирањето на песната ,,Некогаш ќе помине” и прекрасните реакции и пофалби од публиката и медиумите, нѐ обзеде креактивна енергија која ја искористивме да создадеме нови композиции, меѓу кои е и ,,Кој е сега крив’’. Се надевам дека публиката ќе ужива и во оваа нумера и дека ќе ни испрати повторно енергија за да продолжиме да работиме со истото темпо – вели младата пејачка.

Инаку Лара и за оваа нумера соработуваше со младиот режисер Горан Симјаноски, кој успеа да создаде уште една интересна видео-приказна.

Младата Лара и нејзиниот уште од сега велат дека можат да го најават и следниот проект и тоа повторно за само неколку месеци од сега, а до тогаш слушнете и уживајте во нејзината најнова песна „Кој е сега крив“:

Коронавирус