сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 52
home Музика

„Метеори” од Фанк Шуи преработен во фанки-хаус верзија

„Метеори” од Фанк Шуи преработен во фанки-хаус верзија

Фанк звуците од два различни света почнуваат да се спојуваат. Заемната почит помеѓу постојаниот скопски диџеј Алек Солтиров и динамичните Фанк Шуи е изразена преку хаус ремикс од страна на Солтиров. Синглот „Метеори” е преработен во фанки-хаус верзија, што ја отвара оригиналната песна на еден тотално поинаков начин.

– Заеднички пробивајќи се на домашната и странската музичка сцена, патот на Фанк Шуи е сличен со тој на Алек Солтиров. Трпеливо и постепено низ последниве 10 години музичарите си го имаат развивано и надоградувано звукот, достигнувајќи истовремено височини како ретко кој друг. Солтиров низ годините уживал поддршка и признание од бројни светски хаус имиња како Joey Negro, Mark Farina и DJ Sneak. Издавачки куќи ширум светот исто така го имаат препознаено талентот на Алек Солтиров, од „Salted Music“ и „Fogbank Recordings“ до „Mind Medicine“ и „Nervous Records“ меѓу останатите. Истовремено, зимско-пролетната балканска турнеја на Фанк Шуи го одбележа нивното претставување пред странска публика со голем број позитивни критики, велат Фанк Шуи.

Како ексклузивци на најголемата продуцентска куќа Авалон бендот го издаде EP-то „Импулс”, како и настапувано рамо до рамо со музичари како Morcheeba, SARS и Roisin Murphy (Moloko). Двете резимиња се несомнено богати и соодветно ги претставуваат способностите и репутацијата на овие перпсективни македонски музичари. (MИА)

Коронавирус