недела, 27. септември 2020. Вести денес: 16
home Музика

Македонски квалитет кој трае со децении – ДиЏеј Тодорофф по 15-ти пат издаде ЦД микс компилација

Македонски квалитет кој трае со децении –  ДиЏеј Тодорофф по 15-ти пат издаде ЦД микс компилација

ДиЏеј Тодорофф ја издаде 15-тата по ред ЦД микс компилација во неговата 25 годишна музичка кариера.

Микс компилацијата е традиционално издавана секоја година, веќе 15 години по ред, a oбожавателите на house music, tech house и deep house музичките жанрови го имаат задоволството да ја добијат на подарок и оваа година. Микс компилацијата се содржи од нумери кои што тој ги презентира на своите настапи низ целата држава. Иако кризата со Ковид-19 го намали интензитетот на музиката и музичките настапи на музичарите ширум светот, тоа не го спречи ДиЏеј Тодорофф да твори и да го создаде ова децениско дело.

Со големо задоволство, по 15-ти пат ја подарувам мојата работа на сите љубители на добрата музика. Мојата диџејска кариера е во подем веќе 25 години, од кои веќе 15 години ја создавам оваа ЦД микс компилација, под препознатливиот назив Express yourself. Задоволството е огромно кога знам дека некој ја почитува и сака мојата работа, секојдневно докажувајќи ми го тоа на моите настапи и социјалните мрежи. Токму затоа, низ годините, традиционално, создавам едно мало парче музика со огромно значење за мене, посветено за сите мои фанови, изјави диЏеј Тодорофф.

Тој во неговата 25-годишна кариера има работено како интернационален ДиЏеј и продуцент во Грција, Франција, Шпанија, Италија, Албанија, Бугарија, Дубаи, Абу Даби, Катар, Косово и Македонија, а има настапувано на едни од најголемите фестивали, како што се Kalabalak, Greatest Hits, Tomorrowland Edition in Mcacedonia, Polin Beach Festival, Relive Heineken Festival. Неговата соработка со звучните имиња е богата и изобилува со богата музичка биографија. Има соработувано со Deninis Cruz, Roger Sanchez, Tom Novy, Pacho and Pepo, Yana Paisley, Christian Desnoyers Music, Clubbers Radio (Malaga/Spain), Karma Lounge Music, Kalphouse Radio, Rafa Barrios(Sevilla/Spain), Anthonis Pavlidis (Extreme Radio Greece), Kiki Botonaki (Fly Radio Greece) и многу други.

ДиЏеј Тодорофф по ова јубилејно издание, на задоволство на неговите поддржувачи и фанови, најави дека го подготвува неговото ЕП издание кое што наскоро ќе биде издадено под палката на Klap House Records од Наполи, Италија. Тој е докажан македонски квалитет, кој што продолжува со соработката и создавањето на квалитетна музика.

Коронавирус