среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Музика

Македонската „Севда“ доби прекрасна верзија: Млади момци направија фузија на два тотално различни музички света (ВИДЕО)

Македонската „Севда“ доби прекрасна верзија: Млади момци направија фузија на два тотално различни музички света (ВИДЕО)

„Севда“ е најново остварување на македонското електронско дуо „Cyrillic“ , а инспирација за истата е од македонската народна песна „Твојте очи Лено“, но спакувана во модерен дип-хаус аранжман со етно примеси.

За новиот сингл Андреј и Бојан соработуваа со македонската поп пејачка наташа Малинкова, која ги пее вокалите во темата која има и видеоспот во режија на познатиот уметнички фотограф и видео режисер Зоран Зонде Стојановски. Истиот се снимаше на неколку локации во Македонија, а моделот кој ја има главната улога во видеото е убавата Марија Давчевска.

Задоволството од одлично сработениот проект со споделија и самите Андреј и Бојан:

„Севда е страст, Севда е љубов. Севда е фузија на два тотално различни музички света, кои што тука перфектно се споија. Многу ни е мило што направивме еден ваков проект, каде што ставаме наш печат како Cyrillic, на една од нашите омилени Македонски етно песни. Се надеваме дека ќе им се допадне на нашите фанови и пошироката јавност ѝ ќе придонесе на помладите генерации да им стане блиска нашата Македоснка музика“ – вели Андреј.

На неговите зборови се надоврзува Бојан, кој додава:

„Севда е комбинација на етно елементи со карактеристични Cyrillic звуци и мистичен вокал испреплетени за еден одличен радиски и клубски сингл. Интересна е реакцијата на публиката на нашите настапи кога за прв пат ја слушаат, обично се позитивно изненадени поради тоа што не очекуваат такава комбинација“.

Инаку од неодамна Cyrillic станаа ексклузивци на „Sky Eye Entertainment“, всушност ова е втор издаден сингл под оваа издавачка куќа.

Погледнете го видеото за нивната „Севда“ и преслушајте како звучат старите исконски вредности на традицијата во ново, дигитално пакување:

ИЗВОР: ВИСТИНА