понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 57
home Музика

”Македонија – вечна” е новиот музички проект на Елена Јовческа и Сања Ристеска (ВИДЕО)

”Македонија – вечна” е новиот музички проект на Елена Јовческа и Сања Ристеска (ВИДЕО)

Познатите Македонски фолк пејачки Елена Јовческа и Сања Ристеска направија одлично музичко шоу со добро одбрана македонска музика. Како што изјавија ова шоу е Новогодишен подарок за нивните обожаватели, а се надеваат дека јавноста ќе ужива во сето она што тие го подготвија за нив.

-На нашиот репертоар има македонски народни песни, имаме два дуети заедно со Сања, еден микс кој го насловивме “Македонија вечна” кој го направив јас, а во самиот микс ја има и нашата дуетска песна “Сестра”. Секако дека ова шоу не може да помине и без мојата песна добро позната на јавноста “Горда Прилепчанка”, како и авторската песна на Сања со наслов “Македонијо не те даваме”. Би сакала да кажам дека најпрво имав идеја да направиме микс, но по разговор со Сања се договоривме да направиме едно комплетно музичко шоу. Со Сања се дружиме долги години, а пред се сме и братучетки и затоа одлучив овој проект да биде со неа. Да бидам искрена, се подготвуваме уште од месец септември, меѓутоа имавме некоја пауза, па затоа едно добри 20 дена бевме постојано на проби со колегите за да биде се’ онака како што треба.-изјави Елена Јовческа за естрадниот ТВ магазин Естрада плус.

Во музичкото шоу на Елена и Сања учествуваат и неколку музичари кои важат за нивни долгогодишни соработници. Марјан Ртоски-клавијатури, Иле Иваноски-клавијатури, Кире Иваноски-дувачки инструменти, Борче Тренески-бубњеви и Виктор Јошески-хармоника.

„За мојот изглед се погрижи професионалниот мејкап артист Алек Палада. Задоволна сум многу од тоа како се одвиваше проектот и од тоа како заврши. Навистина сум среќна што имав можност да работам на овој проект со луѓето кои што беа вклучени во истиот. Верувам дека на сите нас ни требаше нешто вакво. Се надевам дека публиката ќе ужива во она што го припремивме за нив бидејќи работевме на песните со голема љубов и верувам дека тоа се гледа и дека ќе се почувствува. Очекувам публиката да ужива во песните, бидејќи ние навистина уживавме во секој миг од снимањето“ -вели Сања Ристеска за гледачите на ИН ТВ.

Шоуто веќе беше емитувано пред и за време на Новогодишните, а ќе се емитува и за Божиќните празници, на сателитската ИН Телевизија.

Коронавирус