четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Музика

Лозано со уште еден бисер во низата: „Кажи ми, кажи Вардаре, колку ли солзи криеш ти“? (ВИДЕО)

Лозано со уште еден бисер во низата: „Кажи ми, кажи Вардаре, колку ли солзи криеш ти“? (ВИДЕО)

По подолга пауза поради пандемијата со коронавирусот, нашата најголема машка музичка поп ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано конечно реши да ја објави својата најнова песна.

„Вардаре“ е насловот на новата нумера, за која сме сигурни дека ќе биде само уште еден бисер во низата хитови.

Се разбира, креатори на ова дело одново е братско – сестринскиот авторски тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, додека пак режисер на видеото е Даниел Јовески, кој и овојпат направи приказна која ќе допре до секој од вас.

Инаку во овој најнов проект на Лозано учествуваа и работеа повеќе од дваесет луѓе, а меѓу нив се актерите Емилија Мицевска Трајковиќ, Горан Глигориески, Марко Богдановски и Сања Јаневски, а тука беа и нивните помлади колеги од актерската школа на Весна Петрушевска – Бејби.

Да не должиме многу, ве оставаме да уживате во уште едно музичко дело создадено со многу љубов и труд.

Во блиска иднина очекувајте доста нови музички проекти, бидејќи Лозано и неговиот тим не престанаа со творење и покрај пандемијата.

Коронавирус