вторник, 20. април 2021. Вести денес: 0
home Музика

Лејди Гага издоминира на МТВ, за нејзините маски сите зборуваат (ФОТО)

Цели 10 минути пееше со заштитна маска на лицето
Лејди Гага издоминира на МТВ, за нејзините маски сите зборуваат (ФОТО)

Вчера се одржа MТВ доделување на наградата „Video Music Awards“, а една пеачка покрај тоа што однела дома неколку награди, успеала да ги воодушеви сите со перфомансата која што ја извела во склоп со противпандемските мерки.

Лејди Гага освоила награди за уметник на годината, песна на годината, најдобра соработка и најдобра кинематографија. Воедно, таа ја освоила и TZV. Наградата за трикон, кои што фановите шпекулираат дека МТV ја измислиле само за нејзе, која што се однесува на уметници кои што се успешни на различни полиња, вклучувајќи ја и модата и активизмот.

И да е така, таа со синоќешните настапи ја заслужи таа награда. Лејди Гага и нејзините танчери имале десетминутен енергичен настап и тоа со заштитни маски.

Маската на пеачката била посебно интересна бидејќи била ЛЕД маска која правела илузија дека Лејди Гага „отвара уста“.

На бината во еден момент накратко и се придружила и колешката Аријана Гранде, со која го отпеала нивниот дует „Rain on me“.

Лејди Гага во текот на целата вечер носела маски кои ги вклопила со својата облека, а претходно соопштила дека на доделувањето награди ќе се придржува до сите пропишани мерки.

Што се однесува до останатите наградени, се истакнаа и BTS (награда за најдобар поп, најдобар К-поп, најдобра група и кореографија). Тејлор Свифт (најдобра режија), Дожа Кет (најдобар нов уметник), Меган Ди Стелион (најдобар хип-хоп) и Блекпинк (песна на летото).

МТV оваа година воведоа и две „карантински награди“ кои завршија кај Аријана Гранде и Џастин Бибер (најдобри видеа снимени од дома за песната „Stuck with u“) и латино бендот CNCO за најдобар перфоманс од карантин.

 

Коронавирус