четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 57
home Музика

Концертот на „Дајте музика“ е презакажан, еве кога ќе може да уживате во нивната музика

Концертот на „Дајте музика“ е презакажан, еве кога ќе може да уживате во нивната музика

Со жалење ве информираме дека поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на ДАЈТЕ МУЗИКА ќе се одржи на нова дата- 18-ти јуни, во сабота, на истата локација- стадион на АРМ во Скопје, информираат организаторите на концертот.

Во продолжение следува нивното соопштение:

Имено, безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен!

Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06).

Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk.

Ви благодариме на разбирањето и се гледаме на 18-ти јуни на стадионот на АРМ!

Коронавирус