петок, 22. февруари 2019. Вести денес: 140
home Музика

Кој е специјалниот гостин на концертот на Жељко Самарџиќ?!

Кој е специјалниот гостин на концертот на Жељко Самарџиќ?!

На 16. Февруари Жељко ќе ги изненади сите фанови со голем спектакуларен концерт во Скопје, по повод месецот на љубовта и виното. Во Вип Арената Борис Трајковски ќе одекнуваат неговите нови хитови како и неговите добро познати безвременски балади.

Едно од изненадувањата кое го најавија организаторите, е специјалниот гостин на концертот, а тоа е – популарниот македонски пејач Миле Кузмановски.

Да го прославиме месецот на љубовта и виното заедно!

Денот на концертот се наближува, влезницитебрзо се распродаваат, а истите кои се останати во мал број, може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, “Пола Југотон” и “Цвеќара Розе” – Веро 2.